Почнувајќи некаде од 1970-тите години, Институтот за национална историја во Скопје заедно со Здружението на борци од Ресен организираа проект за собирање мемоари на учесниците во настаните во Преспа, со цел објавување на историјата на Преспа за периодот од Првата светска војна до крајот на Втората светска војна.
Од учесниците беше побарано да ги достават своите сеќавања, како и сите други документи, како што се фотографии, во писмена форма до Институтот. Дополнително, Институтот организираше сесии за снимање со некои од учесниците. Проектот беше поделен во четири групи. Првата група го опфати периодот меѓу двете светски војни, втората ги опфати годините 1941-1942, трета група ја опфати 1943 година, и четвртата ги опфати годините 1944-1945.
Сите писмени документи беа депонирани во Институтот. Но, за среќа, некои снимени ленти останаа во канцеларијата во Ресен. Сега ги поставив тие снимки на интернет, каде од прва рака ќе можеме да ги слушнеме гласовите на сега починатите борци од Преспа. Овие снимки се стари над четириесет години и се со многу лош квалитет и затоа не успеав да ги дигитализирам сите. Али за среќа, имаме и транскрипции од овие ленти за да можеме барем да ги прочитаме нивните искажувања.
Сеќавања на учесници, 1943 година. (.pdf)
Сеќавања на учесници, 1944-1945 година. (.pdf)